hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

101 последователна победа за Барса, 48 трофеј за Лазаров

lazarov asobal cup trofej

Освоениот ASOBAL Куп е продолжување на серијата на Барселона која 101 последователен натпревар во Шпанија знае само за победи. Со тоа соборен е уште еден рекорд, кој веројатно уште долго ќе стои во ракометните анали на оваа земја. Нашиот Кирил Лазаров го освои третиот трофеј оваа сезона, а по четврт пат триумфира во ова натпреварување. Со ова признание нашиот репрезентативец стигна до 48 трофеи во дводецениската кариера.

Сите трофеи во кариерата на Кирил Лазаров:

Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)

Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак:
16 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 2 со Барселона) (Шпанија))profil22

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
4 пати (1 со Атлетико Мадрид и 3 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
5 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 3 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (со Барселона)

Share