hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Вонсерискиот Лазаров и го донесе ASOBAL Купот на Барса

barca copa asobal

Барселона - Натурхаус Ла Роха 35:31 (18:18)

Барселона ја освои титулата од ASOBAL Купот откако попладнево во Леон ја доби екипата на Натурхаус Ла Роха со 35:31 (18:18) и го одбрани трофејот освоен минатата година.

Финалето подобро го отворија ракометарите на Натурхаус Ла Роха и по првите 10 минути поведоа со 3:6, со подобра игра во одбраната и лесни голови на Малмагро. Кога Виктор Виго Герпе постигна гол за 4:8, Хавиер Пасквал побара тајм-аут. Кирил Лазаров влезе на местото на Копљар и со два гола се обидуваше да се доближи до бело-црвените од Логроњо. Алберто Вал и Гонзалез Перез во 18 минута на Натурхаус Ла Роха му носат осетливи 11:15. Но Барса реагираше и Лазаров со третиот гол и Виктор Томас од контранапад, предноста ја стопија до 14:16 во 24 минута. Жалуз со својот трет гол во 27 минута намали на 16:18 во меч со многу голови и не баш најдобри одбрани. За нешто повеќе од 10 минути, Лазаров комплетно ја презеде лидерската улога и со петтиот гол го доближи својот тим до -1. Со звукот на сирената Сипржак изнуди седмерец, а Лазаров со шестиот гол израмни на 18:18.

kire copa15

Лазаров и Жалуз во елемент го почнаа вториот дел и Барса првпат поведе со 20:19 во 33 минута. Нашиот капитен и Томас го принудија стручниот штаб на Натурхаус Ла Роха на тајм-аут при 25:22 во 36 минута. Евидентно лидерски својата екипа ја носеше нашиот Лазаров и со неговиот деветти гол зголеми на 28:24 во 43 минута. Пет минути подоцна пак нашиот ракометар реализира седмерец и ја доближи својата екипа до уште еден трофеј (30:26). Гарабаја само на момент го поремети ритамот на Каталонците, но во последните 8 минути предноста на Барселона беше убедлива. Кога Сармиенто погоди низ зоната на ракометарите од Логроњо веќе беше 34:29 и се назираше победникот. До крајот рутинска завршница за победа од 35:31 и нов трофеј за Барселона и Лазаров.

Во екипата на Барселона пак отскокнаа Кирил Лазаров со 10 гола, Жалуз даде 7, а капитенот Томас даде 6 гола. Кај Натурхаус Ла Роха, Малмагро со 9 и Молина Косано со 8 гола, беа најпозитивни. Со ова финале завршија клупските активности и ракометарите се враќаат во своите земји, каде ќе се приклучат кон националните репрезентации, како подобри би го подготвиле европското првенство во Полска.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share