hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Натурхаус Ла Роха е противникот на Барса во неделното финале

naturhouse la rioja

Натурхаус Ла Роха е вториот финалист во ASOBAL Куот и противникот на Барселона за титулата утре попладне. Клубот од Логроњо го совлада домашниот Адемар Леон со 30:32 (13:16). Натурхаус Ла Роха постојано водеше во текот на сите 60 минути и заслужено ќе се бори за трофејот.

Во победничкиот тим најефикасни беа Малмагро со 10 и Анхел Фернандез Перез со 6 постигнати гола. Кај Адемар Леон се истакнаа Агирезабалага, Вијера и Зилџиќ со по 5 гола. Финалето се игра в недела со почеток во 16:45 часот.

Share