
Денес во ASOBAL федерацијата беа извлечени двојките за четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет. Тоа е претпоследна пречка пред завршниот турнир на четирите најдобри, кои ќе играат на едно место за титулата по новиот формат, кој беше обелоденет минатата година. Ждрепката сакаше двата каталонските ривали Грањолерс и Барселона да се сретнат меѓу себе во четвртфиналето.
Четвртфинале:
- Грањолерс – Барселона
- Хелветиа Анаитасума – Фригорификос Моразо
- Адемар Леон – Бенидорм
- Вила де Аранда – Натурхаус Ла Роха
Мечевите од четвртфиналето се играат на 9 и 12 март, а завршниот турнир на 7 и 8 мај.