Барса ги одмори главните асови и обезбеди финале на ASOBAL Купот

Барселона – Фригорификос Моразо 34:21 (19:10)
Барселона е првиот финалист на ASOBAL Купот и вечерва ќе го дознае противникот за утрешното финале на турнирот, кој се одржува во Леон. Барса славеше против Фригорификос Моразо со 34:21 (19:10) во меч во кој разликата во квалитет беше очигледна.
Жалуз и Арињо добро го отворија мечот и по 5:1 за Каталонците, јасно беше каков меч ги очекува Лазаров и соиграчите. Адриан Розалез постигна два неодговорени гола за ракометарите од Кангас, за 7:3 во 10 минута. Шариќ одбрани неколку топки во серија, а Нодесбо со два последователни гола на половина полувреме донесе 12:8 за шампионот. Повторно се разгоропади Тунижанецот Жалуз и со шест гола во 23 минута предноста ја зголеми на 17:9. Веќе во 26 минута предноста порасна до 19:9 и победникот во ова полуфинале беше решен. На одмор се замина со 19:10 со голот на Серкеира.
Вториот дел ззапочна со гол на Сипржак, а Кирил Лазаров првите минути ги одигра, влегувајќи од игра во 33 минута. Четири минути подоцна македонскиот интернационалец го постигна својот прв гол за максимални +11 за Барселона. Пасквал полека ги дозираше сите свои клучни ракометари, па Сигурдсон доби шанса во 40 минута. Лазаров веднаш се вклопи во играта на каталонците и даде 4-5 гола во серија. Фаворитот не попушташе и Нодесбо со својот трет гол во 47 минута ја донесе максималната предност од 13 гола (30:17). По тајм-аутот на Фригорификос Морази, Серкеира и Симес погодија за 30:19 на осум минути до крајот. Лесно фаворитот го приведе мечот кон крај за 34:21 и место во уште едно финале. Жалуз со 7 и Лазаров со 6 гола беа пак најефикасни во екипата на Барселона. Данијел Шариќ собра 16 интервенции на голот. Кај Фригорификос Моразо од Кангас, Росалес Поусада со 6 гола беше најсветла точка. Поуспешниот од второто полуфинале меѓу Адемар Леон и Натурхаус Ла Роха ќе биде противник на Барселона во утрешното финале на ASOBAL Купот.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




