hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса веќе е во четвртфиналето на Купот на Кралот

balonmano copa del rey

Пуерто Сагунто – Барселона 25:43 (12:25)

Ракометарите на Барселона веќе се во четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал, откако во единствениот меч од осминафиналето го совладаа тимот на Пуерто Сагунто со 25:43 (12:25). Така веќе е познат првиот патник меѓу осумте најдобри во најмасовното натпреварување во Шпанија.

Во ниту еден момент немаше проблем за ракометарите на Пасквал, кои континуирано ја зголемуваа предноста, за да на крајот стигнат и до убедлив триумф. Гонзало на голот добро започна, а Виктор Томас со голови од транзиција реализираше за 4:7 во 7 минута. Скоро секогаш гостите постигнуваа двоцифрен број на голови од домаќините и Жалуз по 12 минута игра, предноста ја зголеми на 5:10. Како на тренинг европскиот првак редеше офанзивни акции и погодуваше од сите позиции. Гурбиндо со гол за 8:18, во 23 минута реализираше за прво двоцифрено водство. Токму Томас и Гурбундо го завршија првиот дел со голови за убедливи 12:25 за фаворитот.

Вториот дел започна со гол на Сладиќ за домаќините, а потоа и повратникот Даниел Сармиенто погоди за прв пат по неговото враќање на теренот. Лазаров погоди во 36 минута, за 16:28 за гостите. Дури и Виран Морос погоди во офанзивното шоу на гостите. Копљар реализираше за 22:36 во 52 минута. Со таква инерција на натпреварот, пак Барса го исполни своето ниво со скоро 40 гола и го визира пасошот за четвртфиналето. Финалните 25:43 потврдуваат дека разликата меѓу двете екипи е огромна. Во победничкиот тим, Копљар даде 8, а Нодесбо беше автор на 6 гола. Кирил Лазаров реализираше 1 гол. На голот младиот Гонзало собра 16 интервенции. Голманот Криадо со 13 интервенции и Казанова со 5 гола беа најпозитивни во тимот од Валенсија. Хавиер Пасквал го има назад Сармиенто за последните напори на полусезоната, а веќе за време на викендот, Каталонците играат во завршницата на ASOBAL Купот во Леон и имаат можност за нов трофеј.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share