hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Каталонското дерби и перфектната есен за Барса и Лазаров

raul enrterios

Барселона – Грањолерс 39:28 (18:15)

Каталонското дерби само во првото полувреме ги исполни очекувањата, а потоа Барселона целосно загосподари во сите елементи на играта и го совлада Грањолерс, за да презими на првата позиција, петта сезона по ред како есенски првак во ASOBAL лигата (39:28). Победата на момците на Пасквал од 39:28, скапо ги чинеше гостите, бидејќи не само што загубија, туку и нема да учествуваат на ASOBAL Купот, кој за една недела ќе се одржи во Леон. Со Алмеида на голот и одбрана 6-0, ракометарите на Грањолерс, добро го отворија мечот.

Тешеира и Валадао до 6:6 парираа, а потоа Лазаров и Раул Ентрериос „нагазија" за 9:6. Инерцијата го одведе мечот до постојана предност на европскиот првак од 3-4 гола, па на одмор се замина со 18:15. Гонзало застана на голот на Барса во 35 минута, а и Састре го замени Алмеида кај Грањолерс. Раул Ентрериос и Томас ја направија разликата од минимална, да биде убедлива и само младиот Марк Канељас парираше. Жалуз и Лазаров го дотолчија „комшијата" за финални 39:28. Барселона стигна до 15 победа во лигата и ја комплетираше перфектната недела со победите против Натурхаус Ла Роха и Грањолерс. Раул Ентрериос со 7 гола беше прво име на средбата. Лазаров и Жалуз дадоа по 6, а Виктор Томас беше автор на 5 гола. Кај Грањолерс, Канељас со 7 и Тешеира со 6 гола беа најефикасни поединци. Мечот во „Палау Блауграна" го следеа нешто повеќе од 2.000 гледачи на трибините. Веќе наредната недела екипата на нашиот интернационалец, Кирил Лазаров има обврски во двата купа, Купот на Кралот и ASOBAL Купот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share