
Чешкиот репрезентативец Филип Јиха беше опериран во болницата Велингтон во Лондон, откако веќе неколку недели мака мачи и неопходна беше операција од хернија. Причина за оперативниот зафат беа болките кои ги почувствува на натпреварот со нашиот шампион, Вардар, на натпреварот од Лигата на шампионите, одигран во „Палау Блауграна".
Чехот се пожали на повреда и го преседе поголемиот дел од натпреварот. Тој се обиде да одигра и дополнителни натпревари и покрај болките. Потврден е и периодот на заздравување, кој ќе биде некаде околу десет недели.