hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Волшебниот“ Лазаров недоволен за победа над Киелце

lazarov vs kielce

Барселона – Киелце 31:33 (19:16)

Во многу убав амбиент во „Палау Блауграна" Барса и Киелце играа во реприза од ланското полуфинале, а во игра беше првото место во групата. Првакот на Европа одлично го отвори мечот и со три ефектни гола на Кирил Лазаров, домаќинот поведе со 6:2 во 7 минута.

Полскиот првак преку Јурецки фати приклучок, но Сигурдсон и Томас со ефектен цепелин ги подигнаа гледачите од своите седишта. Благодарение на хрватските крила, Киелце се доближи до 9:7, но Лазаров по четврт пат погоди од позиција на десен бек, за нова фрустрација на гостинските голмани. Нашиот капитен играше како во транс и набргу го даде и петтиот гол, и тоа од 11 метри за 12:9 на половина од првиот дел. Карол Биелецки со четири гола од седмерец и еден од игра, во 18 минута го доближи тимот на Душебаев до 14:12. Но Барса имаше одговор и Сигурдсон од контранапад, и Раул Ентрериос од чекор, ја враќа комоцијата во резултатот (16:12). Во офанзивен арсенал од двете екипи, првиот дел со 35 гола, го доби Барса со 19:16, откако Рајхман даде гол со звукот на сирената.

Лазаров одлично го почна и вториот дел и со седмиот гол во 33 минута, каталонскиот тим поведе со 21:18. Но за момент падна концентрацијата на домаќинот и со лесни голови од контра на Зорман и Штрлек, Киелце се доближи до 21:20. Пак во клучните моменти се појави Кирил Лазаров и го постигна осмиот гол за 22:20 во 37 минута. Натпреварот започна од почеток, кога Биелецки го совлада Гонзало од седум метри за 22:22 во 38 минута. Дури и Штрлек од крилна позиција за прв пат го доведе Киелце во водство во 40 минута (22:23). Дури откако Чупиќ погоди за +2, Пасквал побара минута одмор. Играта на европскиот шампион несватливо стана безидејна во нападот, и само со расположен Лазаров не можеше да се направи разлика против квалитетен тим како Киелце.

barca - kielce 2

Чупиќ со четвртиот свој гол на половина полувреме донесе високи 22-25 за гостите. По осум минути без гол, Лазаров од седмерец го постигна својот деветти гол во мечот. Скоро половина полувреме само нашиот ракометар погодуваше за Барса, а Шариќ и Гонзало не успеваа ништо да одбранат. Момците на Пасквал се издигнаа и од -4, се вратија за со головите на Нодесбо и Жалуз да израмнат на 29:29. Лазаров со својот 12 гол во 57 минута израмнува на 31:31, но половина минута подоцна, скандинавските судии го исклучија Виран Морос и му понудија голема шанса на гостите за победа. Биелецки и Лијевски ја искористија предноста од човек повеќе, за +2 за полскиот првак на 100 секунди до крајот. Киелце го доби мечот со 31:33 и му го нанесе првиот европски пораз на Барса во „Палау Блауграна" уште од 2012 година. Кај домаќините убедливо прво име беше Кирил Лазаров со 12 постигнати гола, а кај Киелце се истакна ветеранот Карол Биелецки со 9 гола.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share