Лазаров пак најдобар светски десен бек и пак во идеалниот тим

Македонскиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров повторно е избран за најдобар десен бек во светот и пак е во идеалниот тим и за оваа година. Во годината на седум трофеи со Барселона, европската титула и голот со кој прв влезе во клубот 1000 на Лигата на шампионите, ракометарот на Барселона доби 54% од гласовите на неговата позиција. Тоа е скоро двојно повеќе од гласовите на Ласло Наџи, а на третото и четвртото место завршија Алекс Душебаев и Жарко Марковиќ. Лазаров доби 73 гласа и заврши на третото место во генералниот избор за најдобар ракометар, каде победник како и минатата година е Никола Карабатиќ со 136, а второпласиран, Микел Хансен со 90 гласа. Вака изгледа идеалниот тим на „Планет Хендбал" за 2015 година.

- Лево крило: Уве Генсхајмер (Рајн Некар Ловен)
- Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
- Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
- Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
- Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
- Кружен напаѓач: Јулен Агинагалде (Киелце)
- Голман: Данијел Шариќ (Барселона)
- Дефанзивец: Виран Морос (Барселона)
Во изборот гласаа 117.000 посетители на специјализираната веб страница за ракомет „Планет Хендбал", а Лазаров е чест гостин во номинациите и наградите, од кога постои овој избор. Жири комисија од сите континенти го одреди победникот, а наградата од оваа година го носи името „Мизуно играч на годината".
Комплетното гласање во генералниот избор можете да го погледнете ТУКА:
Комплетното гласање по позиции можете да го погледнете ТУКА:




