Барселона не препушта ништо на случајноста. Пред неколку недели започна снимањето на видео спот, кој треба да биде мотивација за цела сезона, во која континентот ќе се обиде да ја симне круната од „главата" на Каталонците. Видео спотот е комплетиран по монтажата и денес е промовиран.
Под наслов „Тронот е на наш, дојди в сабота во „Палау Блауграна" да го браниме", видео материјалот ги прикажува „звездите" на Пасквал како воини кои се борат со сите пречки кои ќе се појавата. А наредната ракометна пречка е полуфиналистот од минатата сезона, Киелце на Талант Душебаев, за време на викендот.