hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров носи тешка победа во Леон и апсолутен рекорд на Барса во шпанската лига

jalouz 1

Адемар Леон - Барселона 33:37 (18:20)

На теренот на лутиот ривал, Адемар Леон, првакот на Шпанија, Барселона испиша нова страница во шпанскиот ракомет. Победата во северна Шпанија е нов рекорд по бројот на последователни победи во првенството на оваа земја, надминувајќи ги 72 последователни победи на Грањолерс, уште пред повеќе од 20 години. Откако пред шест недели го соборија рекордот на Сиудад Реал по бројот на победи во ASOBAL лигата, сега каталонците се навратија и неколку години наназад за да постават резултат кој тешко дека ќе биде во догледно време подобрен.

Нашиот Кирил Лазаров одигра перфектен натпревар во славеничката вечер на најтрофејниот европски клуб. Жалуз и Сорондо добро го отворија натпреварот за Барса, но мотивираниот домашен тим долго време играше рамноправно. Мореира и Гутиерез погодија за 5:5 во 9 минута од мечот. Веднаш потоа на сцена стапи Кирил Лазаров со гол и асистенција за Арињо, за 6:8 за гостите. Нашиот интернационалец реализираше и во 17 минута за највисоки +4 за европскиот првак. Играта на момците на Пасквал стануваше се постабилна, а полека се разиграа и сите бекови. Ваел Жалуз со нова „бомба" на 10 минути до одморот предноста ја зголеми на 5 гола. Но Адемар Леон не се предаваше, па со серија 4:1 во последните неколку минути се врати во активна позиција. Сампајо Сантос, Гутиерез и Микел Агирезабалага го совладаа Гонзало за 18:20 на полувреме.

Вториот дел започна многу поагресивно и потешко беше да се постигнуваат голови. Копљар и Сорондо ја погодија домашната мрежа, а Матијас Вјера со серија на голови не им даде на гостите да се одлепат. Најчестите +2 ги разби Лазаров со ефектен гол за 25:28 во 48 минута. Претешко беше да се постигне гол во вториот дел, кога дуелите беа многу цвсрсти, а зачестија и исклучувањата. Хуанин Гарсија реализира седмерец против својата бивша екипа за 27:29 во 50 минута. Истиот ракометар погоди од контранапад и ја спушти разликата на само еден гол за фаворитот. Лазаров возврати со успешно реализиран седмерец за 28:30 во 52 минута. Незадржливиот Лазаров го постигна својот 11 гол во 55 минута за уште еден чекор поблиску до победа (30:32). На крајот финални 33:37 за Барса со гол за Лазаров за решавање на дилемите во најтешко издвојуваната победа во ASOBAL лигата оваа есен. Во победничката екипа се истакнаа нашиот Лазаров со фантастичен биланс од 12 гола и 3 асистенции, Жалуз даде 9, а Арињо 5 гола. Кај Адемар Леон Хуанин Гарсија даде 7, Гутиерез со 6 и Сампајо Сантос со 5 гола беа одличен ривал. Потфрлија домашните голмани, кои имаа само 9 одбрани. В недела во Копенхаген против Колдинг, каталонците го имаат следниот европски тест, претпоследен оваа есен во групната фаза на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

www.youtube.com/watch?v=Th_B57q-hjs

Share