hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пионерите на РК Лазарови слават кај Металург и не го даваат врвот

metalurg - lazarovi 1

Пионерите РК Лазарови се зацврстија на врвот на табелата во шампионатот на оваа возрасна категорија на Македонија по победата во Скопје против Металург со резултат 15:18 (10:9). Посебно со добра игра во второто полувреме, гостите од Свети Николе водени од Стојков, кој постигна 6 гола дојдоа до победа.

Металург - Лазарови 15:18 (10:9)

Судии: Белимов Кристијан и Дамјановски Дино од Скопје.
Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Металург:
Ацевски, Стојановски 2, Фидановски, Николов, Јорданов, Донев 1, Марковиќ 1, Ивановски, Ангеловски 2, Мелоски, Нелоски, Андревски 1, Трпковски, Прентовски, Рачевски 8, Цаневски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути.

Лазарови:
Атанасовски, Арсов, Илиев, Јовчев, Стојков 7, Стојанов, Конев, Алексовски, Наков 6, Постоловски, Јанушев, Антов 3, Бошков 2, Бошковски, Стефановски. Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

На табелата, РК Лазарови водат со 15 бода од 7 натпревари, исто како Велес 2009 и Бисинов Вардар. Во наредното коло, екипата од Свети Николе на 5 декември го дочекува третопласираниот тим на Бисинов Вардар.

tabela rk lazarovi

Share