hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пред Вардар се испречи Гонзало за голема победа на Барса во Скопје

duel-zaluz-odbrana-615x400

Вардар - Барселона 25:27 (15:12)

Во преполната сала „Јане Сандански" со громогласен аплауз беа пречекани ракометарите на Вардар, но и нашиот Кирил Лазаров. По првите три напади, реализираа двете екипи за 2:2, во брза транзиција и игра на сигурни шутеви. Дибиров во 8 минута за прв пат реализираше за +2 за домашната екипа.

Серијата на домаќините продолжи и Тоскиќ и Брумен зголемија на 6:2 во 11 минута. Вардар беше поконстантен во нападот и на голот на Жалуз, одговори Дибиров со ефектна завршница (9:5). Кирил Лазаров од контра лансирана од Сигурдсон, намали на -3 во 16 минута. Сигурдсон со два реализирани седмерци намали на 10:8 во 21 минута. Кога Томас погоди од својот дел од теренот и го лобуваше Штербик, веќе беше само еден гол предност за вардарци. Европскиот првак го комплетираше пресвртот и серијата од 8:3 за прво водство во 25 минута (11:12). Шишкарев од контранапад го сврте водството на домашната екипа на влезот во последната минута од првиот дел. Техничките грешки на Барселона ги казнија Македа и Шишкарев за комотни 15:12 по првиот дел.

Вториот дел добро го почнаа гостите и преку Томас и Жалуз намалија на 15:14. „Бомбата" на Горбок во 39 минута на Вардар одново му донесе +3, пред Томас експресно да врати од контранапад, а Жалуз со петтиот погодок да намали на 19:17. Штербик имаше решение за повеќето ракометари на Барселона, но не за Жалуз кој со шестиот гол во 45 минута намали на 20:19. Мечот стана се понервозен, а Барса одговараше на секој обид на Вардар на побегне. Лазаров од седмерец и Сигурдсон од крило реализираа за 22:21 во 48 минута.

Штербик не дозволуваше да се стигне до егал ситуација, а Горбок со петтиот гол пак зголеми на 24:22. И голманот на гостите, Гонзало со чудесни интервенции како тие на Македа и Шишкарев му понуди на својата екипа да се бори за реми. Томас по чудесното додавање на Жалуз израмнји на 24:24 на шест минути до крајот. Гонзало со одбраната број 15 директно му помогна на својата екипа по втор пат да дојде во водство во 56 минута (24:25). Се редеа грешките на домаќините, а Жалуз со седмиот гол ја подотвори вратата до пресврт победата на Барса (24:26). Чудесниот Гонзало му „скина" уште еден зицер на Шишкарев за крај на надежите на Вардар. На крајот финални 25:27. Тунижанецот Жалуз постигна 8 гола, а нашиот Лазаров беа автор на 4 гола. Сепак огромни заслуги за победата на Барса има Гонзало Перез де Варгас со 17 интервенции. Кај Вардар, Арпад Штербик собра 15 одбрани, а Горбок беше најефикасен со 5 гола. На две кола до крајот на есенската понуда од групната фаза, Барса е многу блиску до првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето.

ФОТО: www.ekipa.mk

 

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share