hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Кирил Лазаров: Во репрезентацијата имам 15 браќа, таму патриотизмот е поважен од квалитетот

Kiril i Filip 1

Нова европска битка, нов братски дуел. Филип против Кирил Лазаров ќе бидат еден наспротив друг в недела во мечот од осмото коло на Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона. Во напоредното интервју за ЕХФ, двајцата говорат за многу работи во нивните кариери. Кирил Лазаров нагласува колку е важен тренерот и вистинскиот избор на клубови во кариерата.

„Она што е важно за еден ракометар е да има правилен тренер, кој ќе го води во права насока. Можам да кажам дека ја имав таа среќа да имам вистински тренери и да одбирам вистински клубови во мојата кариера", вели Кирил Лазаров.

Помладиот брат Филип, уште релативно млад се одлучи на трансфер во странство, но професионалните патишта со повозрасниот брат Кирил често им се разидуваа.

„Брат ми инсистираше да потпишам во Унгарија. Тој многу ми помогна во сè и сешто, но подоцна тој замина во Загреб, а јас добив понуда од Металург и се вратив во Македонија", објаснува Филип Лазаров.

Репрезентацијата е посебна приказна, која им е при срце и на Кирил и на Филип. Двајцата со гордост и патриотизам го носат црвено-жолтиот дрес и со години пишуваат историја за спортот број еден во нашата земја.

„Кога ќе дојдете да играте за репрезентација немате еден, туку 15 браќа. Секогаш е важно кога играте за својата земја, кога ја репрезентирате целата држава и сите луѓе. Затоа многу често улога не игра квалитетот, туку патриотизмот, кога играте за својата репрезентација", јасен беше Кирил Лазаров.

Како се доближува мечот на Вардар и Барселона во Македонија расте еуфоријата, а двете екипи од оваа сезона уште повеќе се почитуваат. Кирил Лазаров го потенцира растот на Вардар како клуб и како играчки кадар.

„Чусвтвувам дека Вардар расте од година во година. Нивните спонзори инвестираат сè повеќе и повеќе и тоа е добро за македонскиот ракомет. Сега имаат сличен тим како нашиот, покриен на сите позиции и мислам дека двете екипи се меѓу најдобрите шест во светот", заклучи десниот бек на Барселона.

Филип Лазаров многу надежи за неделниот меч полага во домашниот терен и подршката од полното гледалиште.

„Очекувам подобар меч во СЦ "Јане Сандански" и неизвесност до самиот крај. Двете екипи ќе го дадат најдоброто од себе, а знам дека домашниот терен за нас ќе биде голема предност. Секако, сите знаете дека нашата цел е завршниот турнир во Келн", заврши капитенот на Вардар, Филип Лазаров.

Мечот се игра в недела од 17:45 часот, а во игра е првото место во групата на Лигата на шампионите, место на кое свои планови има и полскиот првак Киелце.

Share