
Клубската сезона влегува во последните недели од 2015 година, а со тоа предизвиците стануваат сè поголеми. Со новиот систем на натпреварување во Лигата на шампионите, секој меч има посебно значење.

Така Барселона изготви фотосесија во која ги анимира своите симпатизери пред завршната фаза од есенскиот дел на сезоната, но и клучните елиминациони натпревари на пролет.

Оваа фотосесија е најава за видео спот кој ќе биде изработен и лансиран во текот на сезоната. Јасна е целта на европскиот првак да се наметне во обидот да ја одбрани титулата во Келн во мај следната година.


