hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Жалуз во мечот на кариерата ја поведе Барса до триумф над Вардар

jaluzz

Барселона - Вардар 31:30 (16:13)

Во меч во кој двете екипи не покажаа многу квалитет и убавина, Барселона го совлада Вардар со 31:30 и изби на првото место во групната фаза од Лигата на шампионите. Домашната екипа многу подобро влезе во мечот и со головите на Сигурдсон и Виран Морос брзо се одлепи до 5:1 во 5 минута. Раул Гонзалез побара тајм-аут и Вардар ги среди своите редови. Горбок и Шишкарев реализираа школски акции за 6:4 во 10 минута.

Гостите полека го топеа водство на офанзивно расположената, но дефанзивно прескромна Барса. Тоскиќ и Дибиров во 18 минута го донесоа Вардар на само -1. Жалуз беше незаменлив и нанижа 5,6 гола во серија, а Раул Ентрериос ја комплетира серијата од 4:1 на каталонците за 13:9 во 24 минута. Играта на момците на Пасквал стана поразноврсна, па Сипржак погоди и изнуди исклучување за 15:12. Првиот дел заврши со најчестите +3, со голот на Жалуз со звукот на сирената. Вториот дел започна со неверојатна и неочекувана серија од 4:0 на Вардар, па дури и со човек помалку на гостите се им одеше од рака. Горбок погоди за прво водство на македонскиот шампион во 35 минута (16:17).

Наизменично се менуваа двете екипи во водство, пред Раул Ентрериос по додавање на Лазаров да израмни на 20:20. Одбраните не делуваа најсигурно, а Жалуз и Горбок лесно ја пробиваа позиционата одбрана на противникот. Покрај Тунижанецот и Раул Ентрериос влезе во ритам, а Гонзало се израмни со по 1- одбрани со Арпад Штербик. Вардар не го искористи периодот со човек помалку и прими два гола од Сигурдсон и Томас за 23:21 во 47 минута. Во транс одигра Жалуз и погодуваше од 9-10 метри. Во пресрет на последните 10 минути, Барса имаше +3, а Вардар премногу грешеше за да се врати во мечот. Сипржак со два гола од линијата на шест метри ги разреши дилемите околу победникот (31:28). Гостите ублажија со головите на Тоскиќ и Горбок, но не можеа да сторат ништо повеќе од чесен пораз. Во тимот на Барселона, Жалуз постигна 12 гола, а Раул Ентрериос додаде уште 5. Кај Вардар одскокнаа Горбок со 8 гола, а Арпад Штербик собра 12 одбрани. В недела попладне во Скопје, двете екипи ќе го одиграат следниот меч во Лигата на шампионите, а во Македонија од поодамна билетите се распродадени.

 

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share