hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса го регистрира Руезга за ASOBAL лигата и Лигата на шампионите

ruega

Бившиот шпански репрезентативец, Карлос Руезга и официјално е нов ракометар на Барселона. Од денес клубот го регистира средниот бек и за натпревариоте од ASOBAL лигата и од Лигата на шампиониоте. Имено откако се повреди како ракометар на Веспрем, Руезга се лекуваше во Каталонија и тренираше со Барселона Б тимот.

Сега кога комплетно заздрави, Хавиер Пасквал даде „зелено светло" за негово приклучување кон првиот тим. Се очекува ритамот на натпревари, 30 годишниот Руезга да го стекне со вториот тим, а потоа да се приклучи и кон најсилната екипа. Иднината на Руезга за подолг период е непозната. Во овој момент надвор од стројот е Дани Сармиенто заради повреда, а од идната сезона ќе настапува за францускиот прволигаш, Сант Рафаел.

Share