hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Домаќинот подобар од Црна Гора, Македонија трета на турнирот во Умаг

cro - mne 1

Хрватска е победник на „Кроација Купот" кој попладнево заврши во Умаг. Во третиот меч Хрватите ја совладаа Црна Гора со 28:23. Црногорците беа рамноправни, речиси 50 минути, но поразот беше неминовен против поквалитетната домашна репрезентација.

Најефикасен на натпреварот беше Златко Хорват со 9 гола, 6 постигна Лука Степанчиќ, додека во црногорскиот состав, тројца ракометари запишаа по 5 гола, Вуко Борозан, Фахрудин Мелиќ и Стефан Чавор. Македонија го освои третото место на турнирот со ремито против Црна Гора (30:30). Македонија загуби нешто поубедливо од домаќинот (29:21).

Share