
Средниот бек на Барселона и на шпанската репрезентација, Даниел Сармиенто следното лето ќе го напушти европскиот првак Барселона. На 30 јуни истекува договорот со каталонскиот гигант, а следниот клуб на Сармиенто ќе биде Сант Рафаел.
Официјализирана е соработката на ракометарот со својот нов клуб во следните две години. Со тоа се зголемува шпанската колонија во француската лига, која тенденциозно започна пред неколку години.