hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Ќе имаме корист од овој турнир!

cro - mkd 2

По поразот од Хрватска со 29:21, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ги издвои позитивните страни од овој тест меч и нагласи дека многу детали од мечот во Умаг можат да бидат корисни за во иднина.

„Овие натпревари добро служат да видиме до каде сме. Мислам дека ќе имаме корист од овој турнир. Резултатот секогаш е важен, но на овие контролни натпревари не ни е прв приоритет. Ние дојдовме некомплетни и мислам дека нашиот стручен штаб виде кој што може, за да планира во иднина. Имаме големи амбиции и овие натпревари за тоа служат, за да ни се избистри сликата", изјави Лазаров по мечот. Со оглед на тоа што Македонија го загуби првиот натпревар нема многу опции да го освои турнирот, но утре очекува подобар исход од дуелот со Црна Гора.

Share