hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Подмладената Македонија премногу грешеше, па стигна очекуван пораз од Хрватска

mkd cro

Хрватска – Македонија 29:21 (17:12)

Очекувано. Хрватска ја совлада Македонија во првиот натпревар од Кроација Купот во Умаг со 29:21 (17:12). Со многу изменети состави и Хрватска и Македонија се претставија во офанзивно издание и во првиот дел паднаа дури 29 гола. Кирил Лазаров до некаде парираше, но поквалитетниот домашен состав постојано имаше 4-5 гола разлика. Од стартот момците на Бабиќ се одлепија со 3:0 во 5 и 7:2 во 10 минута.

Брзо Ивица Обрван повика минута одмор и нашата репрезентација се консолидира. Гоце Георгиевски погоди на спектакуларен начин по додавањето на Кирил Лазаров, а кружниот напаѓач Жарко Пешевски само што влезе во игра реализира три пати од линијата. „Коцкестите" на одмор заминаа со 17:12, со разиграни шутери и добро користење на нашите многубројни технички грешки. Во продолжението селекторот им даде можност на скоро сите ракометари, па Талески е еден од оние кој добри ги искористи своите минути. Успеавме да се доближиме до 19:16 и 21:18. Но сепак, моќниот хрватски тим, исто така подмладен и подновен, пак одигра поцврста одбрана и побегна на +5.

Сепак повредите на Степанчиќ и Циндриќ оставија трага кај домашната селекција, која и така на овој турнир дојде без 4-5 стандардни првотимци. На крајот финални 29:21 за фаворитот. Загрижуваат преголемиот број на технички грешки, дури 17, но веројатно се нормални со оглед на комплетно изменетата и подмладена наша репрезентација.

Во победничката репрезентација, Златко Хорват постигна 7, а Марино Мариќ 5 гола. Во нашата репрезентација, Жарко Пешевски постигна 6 гола, капитенот Лазаров додаде уште 5, а Филип Талевски беше автор на 3 гола. Вториот меч на турнирот, Македонија го игра утре од 19.00 часот против Црна Гора.

ФОТО: www.sportmedia.mk

Share