hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Димитровски повикан на местото на Никола Маркоски

dimitrovski

29 годишниот кружен напаѓач на Пелистер, Васко Димитровски е повикан во репрезентацијата на Македонија на испразнетата позиција на по повредата на Никола Маркоски.

Битолчанецот ќе добие шанса за докажување против Хрватска и Црна Гора. Прва опција на оваа позицијата е Жарко Пешевски, откако повредени се и Стојанче Стоилов и Никола Маркоски. Васко Димитровски настапуваше за екипите на Пелистер, Прилеп, Вардар, а кратко оваа година еден период мина и во Унгарија.

Share