
Кружниот напаѓач, Никола Маркоски доби удар во коленото на натпреварот на неговиот Работнички со Вардар Јуниор и поради тој удар нема да биде меѓу патниците за Умаг. Стружанецот беше на преглед, констатиран е надворешен и внатрешен оток и потребни се неколку дена одмор, мирување и терапија.
Доколку ситуацијата се подобри тогаш се враќа на тренинзи, но доколку стане полоша или нема подобрување ќе оди на дополнителни снимања. Со оглед на тоа дека и Стојанче Стоилов е повреден, Ивица Обрван сега го има на располагање единствено Жарко Пешевски од Металург за мечевите со Хрватска и Црна Гора.
Можно е да повика повторно нов ракометар во наредните три дена, пред летот за Словенија, па за Хрватска во четврток.