Фредрик Оландер го одржа првиот тренинг во Барселона

ЕХФ недела одвлече скоро цела екипа надвор од Барселона, а со тоа Хавиер Пасквал оваа недела ги намали активностите и тренинзите. Во работата со голем дел од младите ракометари, кои исто така добро играат во својата лига и во Купот на Кралот, се приклучи најновото засилување, голманот Фредрик Оландер.
Искусниот 39 годишен голман потпиша краткорочен договор, бидејќи Даниел Шариќ замина на обврски со катарската репрезентација, да се обиде да го освои Азискиот ракометен Куп, кој ќе се одржи во „Духаил арената" во Доха. Оландер ја почнува својата втора авантура во Барселона, за која настапуваше во печриодот меѓу 2002 и 2004 година. Овој искусен голман настапуваше и за Колдинг, Минден, Грањолерс, Истад. Неговото деби се очекува на мечот од ASOBAL лигата против Бенидорм на 11 ноември.




