Лазаров: Ме радува тоа што се појавуваат нови момци

Во текот на денешниот ден, македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир како почеток на ЕХФ неделата, која ќе кулминира на турнирот во Умаг од 6 до 8 ноември. Капитенот Кирил Лазаров го изрази своето задоволство од приклучувањето на млади момци во националниот тим.
„Секој слободен термин на ЕХФ треба да биде искористен максимално, па так е и овојпат. Мило ми е што се појавуваат нови момци во репрезентацијата, млади ракометари, кои веќе настапуваат во европските купови и го добиваат неопходното искуство. Секој натпревар е ново искуство за нив, нова шанса да влезат во ритам и да направат чекор напред. Еве, сега добиваат шанса и во репрезентативниот дрес, па тоа е можност што секој од нив треба да даде максимум за да ја искористи и да се наметне во селекцијата " , изјави Кире Лазаров. Репрезентативците ќе тренираат во СЦ „Јане Сандански" до среда секој ден попладне, а четврток по утринскиот тренинг, репрезентативците патуваат за Словенија, од каде со автобус ќе пристигнат во Умаг.
ФОТО: www.ekipa.mk




