Матулиќ, Пешиќ и Брозовиќ заради повреда не играат против Македонија

Жељко Бабиќ исто како и Обрван нема да може да смета на најдобриот тим на турнирот во Умаг кој почнува се игра на крајот од оваа недела. Откако не ги повика Вори и Чупиќ, новиот селектор сега мора да бара алтернативи за уште три ракометари кои се повредија во пресрет на собирот, кој и во Хрватска, како и кај нас започна денес.
„Се повредија кружниот напаѓач Брозовиќ, Матулиќ и Пешиќ, па дополнително ги повикав Козина, Томинац и Стевановиќ. Ќе ја искористиме шансата за да провериме дали младите ракометари можат да се вклопат и можеби да влезат во прв план" , изјави хрватскиот селектор, кој до минатата сезона го водеше Мешков Брест. Хрватска ќе биде првиот противник на Македонија на турнирот во Умаг в петок, по што „црвено-жолтите" в недела ќе ги одмерат силите и со селекцијата на Црна Гора.




