hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Изедначен почеток, па офанзивно шоу и победа со 44 постигнати гола за Барса

barca - puerto sagunto

Барселона - Пуерто Сагунто 44:29 (20:12)

Откако дознаа дека ќе се сретнат со Пуерто Сагунто и во Купот на Кралот, ракометарите на Барселона мораа најнапред да си ја завршат работата во ASOBAL лигата. И пак европскиот првак на противникот му дозволи отпор само во првите 10-15 минути. До 6:6 во 12 минута, екипата од Валенсија парираше и во одбраната и во нападот.

Тогаш екипата на Пасквал додаде на гас и со серија од 3:0 со головите на Јиха од седмерец, Томас и Арињо се одлепи. Нашиот Кирил Лазаров својот првенец го постигна во 17 минута за 11:8. Данијел Шариќ се разбрани, а Тунижанецот Жалуз постигна два гола од голема далечина за 15:10, на влезот во последните 7 минути од првиот дел. Сладиќ и Барнитонас единствени успеваа да им парираат на Каталонците, но со серија 5:2 во последните неколку минути од првиот дел, предноста од минимална стана огромна. Сигурдсон и Сипржак на додавања на Лазаров, го завршија првиот дел со високи 20:12 за Барселона.

Не минаа ни три минути во вториот дел, а предноста веќе стана двоцифрена. Томас постигна два гола за 23:13 и до крајот извесно беше дека Пуерто Сагунто ќе го снајде катастрофа. Се разиграа крилата на шампионот и во 37 минута, резултатот гласеше 26:16. Исланѓанецот и Македонецот ја минаа границата од 30 гола во 43 минута. Пасквал почна целосно да го ротира својот ростер и гледачите во „Палау Блауграна" можеа да видат неколку убави акции во финишот. Петтиот гол од петтиот обид, капитенот на македонската репрезентација го постигна во 38 минута за 35:22. Лазаров и Жалуз ја поведоа Барселона кон 40 постигнати гола, а преостанаа уште 7 минути. До крајот комотни 44:29 за уште една победа на актуелниот првак. Во победничкиот табор, Сигурдсон беше најефикасен со 8 гола, Томас постигна 6 гола, а по 5 додадоа Лазаров, Јиха и Арињо. Во тимот на Пуерто Сагунто, најефикасен беше Бернатонис со 7 гола. Пред репрезентативната пауза, Барса си ја заврши својата домашна задача во ASOBAL лигата.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share