
Денес во Барселонa беше извршена ждрепката за осминафиналето на Купот на Кралот во ракомет, каде од јуни оваа година титулата ја брани Барселона. Противник на Лазаров и соиграчите во првата фаза, во која бранителот на титулата се приклучува во натпреварувањето, е Пуерто Сагунто.
Единствениот меч за пласман во четвртфиналето ќе се игра на 16 декември во Валенсија. Двете екипи играа во осминафиналето и минатата сезона, а Барса на гостувањето славеше со 31:45. В сабота во редовен натпревар од ASOBAL игата, Барселона го дочекува тимот на Пуерто Сагунто во „Палау Блауграна" во Каталонија.