Обрван дополнително го повика Димитриевски за турнирот во Умаг

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван направи една промена во списокот на ракометари за престојната ЕХФ недела која ќе се одржи во периодот од 2 до 8 ноември во Умаг. На списокот покрај првично избраните 18 ракометари повикан е и членот на Унгарски Чургои, Дарко Димитриевски.
- Борко Ристовски
- Никола Митревски
- Дејан Манасков
- Гоце Ојлески
- Гоце Георгиевски
- Никола Костески
- Стојанче Стоилов
- Жарко Пешевски
- Никола Маркоски
- Кирил Лазаров (капитен)
- Влатко Митков
- Филип Миркуловски
- Немања Прибак
- Ацо Јоноски
- Филип Лазаров
- Филип Талевски
- Филип Кузмановски
- Милорад Куковски
- Дарко Димитриевски
Повиканите ракометари ќе настапат на „Хепи куп" во Хрватска, на кој покрај нашата репрезентација учество ќе земат и домаќинот Хрватска и репрезентацијата на Црна Гора. Турнирот во Хрватска се игра од 6 до 8 ноември.




