Егзибиција за нова ASOBAL победа на Барселона

Анхел Хименез - Барселона 16:38 (6:20)
Во многу полесен меч од очекувањата, Барселона славеше на гости во Пуенте Хенил против тимот на Анхел Хименез и го продолжи максималниот скор во ASOBAL лигата (16:38). Мечот со два гола го отвори тунискиот интернационалец Жалуз, а првенецот за домаќините го постигна Никола Потиќ. Следеше серија од 0:8 на гостите и голови на Сипржак, Копљар и најчесто Жалуз за 1:10 во 15 минута.
Потоа Бандера и Гутиерез реализираа од крилните позиции за Анхел Хименез за 3:13. Во втората половина од полувремето во игра влезе Кирил Лазаров и погоди два пати од контранапад за веќе недостижни 6:20 на полувреме. Нешто поопуштено играа каталонците на почетокот на вториот дел. Нодесбо и Копљар први погодија по одморот, а на спротивната страна возвратија Новински и Вичан (8:23). Шанса доби и Гудјон Валур Сигурдсон и веднаш реализира од позиција на лево крило, а Лазаров даде гол од седмерец за 10:29 во 40 минута. Јиха и натаму играше променливо, а Раул Ентрериос го постигна 30 гол за европскиот првак. Шариќ беше се подобар на голот, а Нодесбо и младиот Алеиш Гомез Абело погодија во една минута за 13:32 во 50 минута. Нашиот капитен реализираше од дистанца за 13:35, а до крајот со уште по неколку гола на двете страни, конечниот резултат гласеше 16:38. Во тимот на Барселона најефикасни беа Жалуз со 9 гола без промашување и Лазаров и Сигурдсон со по 5 гола. Голманите на Барса, Гонзало и Шариќ имаа заедно 22 интервенции. Кај Анхел Хименез се истакнаа Новински и Фернандез со по 3 гола. В сабота во „Палау Блауграна" доаѓа Колдинг и тоа е можност Барса да и се врати на победите, по ремито во Полска против Киелце во саботата.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




