
Средниот бек на европскиот првак, Барселона, Даниел Сармиенто го напушти мечот со Киелце од Лигата на шампионите во саботата повреда на десната дланка. Денешните испитувања покажаа дека има фрактура која бара хируршка интервенција. Сармиенто ќе биде најмалку два месеци надвор од терените, што значи календарската 2015 за него е завршена.
Сармиенто досега постигна пет гола на петте меча, а секоја сезона во Лигата на шампионите, а настапува за Барса од 2009 година. Од следната ќе го облече дресот на Сан Рафаел, во Франција.