hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Победа на рутина и нов рекорд за Барса водена од Лазаров

nodesbo 41

Барселона - Сиудад Енкантада 34:21 (18:9)

Ракометарите на Барселона според очекувањата остварија уште една победа во шпанската ASOBAL лига и го срушија рекордот на Сиудад Реал по бројот на последователни победи во домашното натпреварување. Против Сиудад Енкантада од Валенсија, водени од Лазаров, европските прваци забележаа нова победа, која е 68 во низа и серијата скоро сигурно уште повеќе ќе расте.

Во меч кој наликуваше на секој друг од шпанското првенство, гостите парираа половина полувреме, а потоа дадоа се од себе за да не доживеат срамен пораз. Даниел Рубио во 9 минута ја доведе Сиудад Енкантада во водство од 4:5, но од тој момент момците на Пасквал превзедоа се во свои раце и до одморот ја удвоија предноста. Лазаров, Жалуз и Арињо ја реализираа серијата 6:1 и Барса поведе со 10:6 во 14 минута за тајм-аут на гостинската клупа. Нашиот Лазаров годеше и од игра преку блокот и од седмерци, па токму тој на ефектен начин го заокружи првото полувреме со гол преку гостинската зона за 18:9 за домашната екипа. Шариќ и Гонзало добија по едно полувреме и имаа солиден број на одбрани, но пред се одбраната на фаворитот добро си ја заврши работата. Гурбиндо во 37 минута го постигна својот прв гол за двоцифрена предноста (22:12).

Лазаров и Жалуз на ефектен начин ја пробиваа одбраната на Сиудад Енкантада и во последните 15 минути ритамот опадна, следеа замени и технички грешки и резултатот беше најдобар можен за гостите од Валенсија (28:15). Копљар и младиот Душебаев го завршија натпреварот, кој за Барселона беше добар вовед пред тешкото гостување во Полска кај Киелце за време на викендот. Финални 34:21 за нешто понапорен меч од обичен тренинг за момците на Пасквал. Чехот Филип Јиха не настапи, но скоро целиот ростер на каталонците се разигра и си ја заврши работата во интерес на колективот. Лазаров и Жалуз со по 5 гола беа најдобри стрелци во победничката екипа. Раул Ентрериос и Сипржак додадоа уште по 4 гола, а голманите Гонзало и Шариќ заедно имаа 14 интервенции. Кај Сиудад Енкантада се истакнаа Вајнштајн и Зејак со по 4 гола, а голманот Леонардо Терсариол собра 9 одбрани. Барселона има 7 победи од исто толку натпревари и продолжува перфектната есен за шампионот на Шпанија и Европа. По дуелот во Киелце, следува гостување кај Анхел Хименез наредната недела.

Комплетниот извештај од мечот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share