hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ветеранот Оландрер е нов голман на Барселона

ohlander

Голманот на Барселона и на репрезетацијата на Катар ќе го напушти клубот за репрезентативните на азиските квалификации за Олимписките игри. Шариќ ќе пропушти шест меча на Барселона, а за да ја пополни празнината, шпанскиот првак го ангажираше 39 годишниот Фредерик Оландер, кој минатата година замина во пензија.

Последните натпревари ги одигра за шведскиот Истад и потоа стави крај на кариерата. Сега Оландер повторно ќе се активира, но ова нема да му биде прв ангажман ниту во Барселона, ниту во Лигата на шампионите. Шведскиот ветеран бранеше за Барса во периодот од 2002 до 2006 година, а потоа продолжи во Колдинг, каде што исто така имаше искуство во елитната лига.

Share