hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса „меле“ Лазаров блеска, израмнет уште еден рекорд

10487220 10153291923943666 8367732905587664687 n1

Синфин - Барселона 28:37 (15:19)

Новиот прволигаш Синфин од Сантандер ја наполни својата сала во Кантабрија за гостувањето на европскиот првак Барселона, која е во постојан прогрес на формата. По првите три изедначувања, Кирил Лазаров погоди за 3:4 во 6 минута. Токму од таа страна доаѓаше најголемата опасност по Адам Савиќ, па по два гола постигнаа и Лазаров и Копљар за 4:8 во 12 минута. Хереро Лон со два гола ја прекинуваше монотонијата од реализации на фаворитот. Но Јиха и Сорондо најчестата предност од 4-5 гола ја однесоа на одмор (15:19).

Посебно расположен беше нашиот Лазаров, кој погодуваше од седмерци, а и често беше додавач кога требаше. Токму нашиот капитен и Филип Јиха добро го почнаа и вториот дел за 18:26 во 40 минута и веќе комотна предност за каталонците. Паредес Лапења постигна ефектен гол во мрежата на Шариќ, но Барса веќе имаше изразито висока предност и играше поопуштено. Гудјон Валур Сигурдсон погоди низ две контри за 19:27 во 42 минута. Со чиста рутина Барселона се доближи до својот просек на голови и со предност од 7 до 10 гола влезе во завршницата. Сигурдсон постигна многу лесни голови и во завршната фаза од мечот беше најистакнат поединец.

Сепак првото име на мечот, Лазаров со гол од 11 метри стави точка на натпреварот за 27:36. На крајот финални 27:36 и шеста победа од исто толку натпревари на момците на Хавиер Пасквал. Во победничката екипа Лазаров со 9 гола беше најефикасен и одигра комплетен натпревар со само едно промашување и 3 асистенции. Сигурдсон и Сорондо со по 4 гола, беа веднаш зад нашиот капитен по ефикасност. Кај домашниот тим на ГО ФИТ Синфин од Сантандер, Оскар Рио Расиљо со 5 гола беше прв стрелец, а по 4 постигнаа Хереро Лон и Паредас Лапења.

Голманите на Барселона имаа скромен учинок, па Шариќ имаше 6, а Гонзало 8 интервенции. Оваа победа е 67 последователна во ASOBAL лигата, со што тимот на Барселона го израмни рекордот на Сиудад Реал по најмногу последователни победи во најсилната шпанска лига во овој формат. Веројатно рекордот комплетно ќе биде во сопственост на Барса наредната недела во „Палау Блауграна" против Сиудад Енкантада. Со овој ритам скоро невозможно е некој да застане на патот на Барселона до 72 победи во низа, со што ќе падне и последниот рекорд на непобедливост, кој го држи Грањолерс уште пред ASOBAL ерата, пред скоро три децении. В сабота во Каталонија нов тест и дуел против Монпеље во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share