hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Загреб се поклони на рекордот на Лазаров!

12108722 889797504439766 984756788289577548 n

На официјалната фан-страница на Фејсбук на хрватскиот гигант ППД Загреб, Лазаров е облечен како крал и седнат на трон, а до него стои трофејот со бројот 1000, што асоцира на рекордот и штит со неговиот број седум. „Уште еднаш да му се поклониме на големиот Кире Лазаров на неверојатното достигнување.

Чест ние што од тие 1000 постигнати голови во Лигата на шампионите дури 328 се во дресот на Загреб. Поклон до подот на кралот Кирил Лазаров" пишува под фотографијата. Со петте гола во Сегедин во неделата, Кирил Лазаров стигна до историски 1000 гола во европските купови.

Share