hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја отвори вратата на клубот 1000

1000-ehf2

Како по најубавото сценарио, Кирил Лазаров и неговите клучни голови и вечерва беа додадена вредност на екипата на Барселона на тешкото гостување во Сегедин во Унгарија. Со 5 постигнати гола, нашиот репрезентативен капитен дојде точно до магичната бројка од 1000 гола во европските купови под ЕХФ, што е неповторливо остварување.

Тој е првиот ракометар во Европа која успеа да постигне 1000 гола за своите клубови во европските купови (Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона). Од првите голови во дресот на Борец против Динамо Букурешт есента 1994 година, Лазаров непрекинато постигнува голови во европските купови (најчесто Лигата на шампионите) 21 сезона. Колку овој рекорд значи потврдува и податокот дека само Рутенка од активните ракометари има над 800 гола, но тешко е да се поверува дека ќе го стигне нашиот Кире. Лазаров е единствен во историјата кој има над 1000 гола и во клубските дресови и во дресот на националната репрезентации. Овие бројки предодредени се да растат и рекордите да станат недостижни.

Share