hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Рутенка кариерата ја продолжува во Катар

rutenka qatar 2

Белорускиот репрезентативец Сергеј Рутенка својата кариера ќе ја продолжи во катарското првенство, во тимот на Лахвија, каде минатата сезона настапуваа Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец. Рутенка ги договори условите и наскоро ќе му се приклучи на тимот.

Вчера Барселона на својата официјална веб страница информираше дека спогодбено го раскинува договорот со Рутенка, иако требаше да соработуваат уште оваа сезона. Иако до сега на краток временски период големи звезди доаѓале во Катар, потпишувањето на Рутенка е голем чекор напред за шампионатот на оваа азиска земја.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share