
ЕХФ ги одреди 12 парови на судии кои ќе ја делат правдата на мечевите од европското првенство во Полска од 15 до 31 јануари следната година. Меѓу одбраните се наоѓа и Македонскиот судиски пар, Начевски и Николов. Одлуката падна на конгресот во Виена, а на последното европско првенство, финалето го судеа шпанските судии Ралуј и Сабросо.
Судии на ЕП во Полска 2016 година:
Гуско и Репкин (Белорусија)
Губица и Милошевиќ (Хрватска)
Хорачек и Новотни (Чешка)
Гјединг и Хансен (Данска)
Ралуј и Сабросо (Шпанија)
Пичон и Реверет (Франција)
Геипел и Хелбиг (Германија)
Столаровс и Лицис (Летонија)
Начевски и Николов (Македонија)
Сантос и Фонсека (Португалија)
Старк и Стефан (Романија)
Јохансон и Килко (Шведска)