hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Совладана и Гвадалахара за 66 врзана победа на Барса

gurbindo 2

Барселона - Гвадалахара 40:24 (21:11)

Во меч кој наликуваше на многу првенствени мечеви од ASOBAL лигата, Барселона забележа нова убедлива победа, овој пат со +16 против тимот од мадридското предградие, Гвадалахара. Сите ракометари на кои им даде шанса Хавиер Пасквал со исклучок на младиот Душебаев, се запишаа меѓу стрелците што покажува колку лесно првакот стигна до бодовите. По изедначениот почеток со головите на Гурбиндо и Арињо (2), домашната екипа отиде на 10:4.

Полека во ритам влезе и Филип Јиха и со два негови гола на половина полувреме, Барса имаше 13:5. Во финишот на првиот дел на головите на Реј возврати Кирил Лазаров и првиот дел заврши со три водства од по 10 разлика на европскиот шампион (21:11).

Во второто полувреме без дополнителен притисок, каталонците само ја зголемуваа предноста. Омбрадос застана на голот на Гвадалахара, но не можеше ништо да обрани, па Барселона само го зголемуваше бројот на постигнати голови. Нови два гола на Лазаров и еден на Жалуз за прв пат му донесоа +15 на фаворитот во 41 минута. Фабио Роча Чуфа и Абрао Силва единствени му дадоа некаков отпор на фаворитот. Нодесбо со неговите атрактивни реализации од позиција на кружен напаѓач само ги подгреваше дланките на гледачите. Барса стигна до нова лесна победа со 40:24 и со максимален учинок ја продолжува својата мисија во домашниот шампионат. Алекс Маркез и Даниел Душебаев добија шанса во последните неколку минути.

Во победничкиот табор Лазаров, Сигурдсон, Гурбиндо и Арињо постигнаа по 5 гола, а Шариќ собра 11 интервенции. Во тимот на Гвадалахара се истакнаа Силва и Роча Чуфа со по 5 гола. Со оваа победа која е 66 последователна во шпанскиот ракомет, Барселона се доближи на само еден триумф до рекордот на Сиудад Реал. Добра најава за тешкото гостување во Лигата на шампионите во Унгарија против ПИК Сегедин за време на викендот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share