
Еден од најтрофејните европски ракометари на сите времиња, репрезентативецот на Белорусија, Сергеј Рутенка не е повеќе член на европскиот првак Барселона. Клубот од Каталонија спогодбено го раскина договорот со корпулентниот среден бек.
Иако истиот договор го врзуваше до крајот на оваа сезона, Рутенка по шест сезони ќе ја смени средината. Тој дојде од Реновалиа Сиудад Реал во летото 2009 година и освои 25 титули со Барселона, меѓу нив и две Лиги на шампиони. Со шест освоени трофеи од најсилниот европски Куп, Рутенка е најтрофеен европски ракометар кој сеуште е активен.