hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Швеѓаните одолеваа, но бодовите остануваат во Барселона

viktor tomas 4

Барселона - Кристианштад 34:32 (17:16)

Ракометарите на Барселона ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите, откако славеа против првакот на Шведска, Кристианштад со 34:32 (17:16). Иако можеби очекуваа полесна победа, преку 3000 гледачи во „Палау Блауграна„ видоа борбен и квалитетен натпревар, пред се во офанзивата. Барселона пак се потпре на Кирил Лазаров, иако треба уште многу работа за екипата да се приспособи на новајлиите и да ја достигне потребната форма.

Тунискиот интернационалец, Жалуз добро го почна мечот со 4 постигнати гола и по израмнувањата на стартот, првакот на Шпанија прв се одлепи на 10:6 во 17 минута. Ола Линдгрен побара минута одмор и ја консолидира екипата, пред се во нападот и ги редуцира техничките грешки. Бјернсен беше единствениот ракометар, кого одбраната на Барселона не можеше да го сопре и со негова помош, Кристианштад до одморот пак фати приклучок (17:16).

Вториот дел започна со две обрани на зицери на Даниел Шариќ и два брзи гола на Филип Јиха за 20:16 во 33 минута. Но при максималната предност од 22:17, благодарение на Лазаров, домаќините помислија дека се е готово и подзастанаа. Швеѓаните пак инспирирани од Бјернсен, но и од несватливите грешки на европскиот првак, се доближија до 23:21 во 39 минута. Жалуз и Лазаров ја одржуваа предноста до влегувањето на мечот во последната фаза. Таму со 1-2 гола предност, каталонците не можеа да бидат сигурни во победата. Затоа Лазаров погоди за +2 на 90 секунди до крајот и се што направија ракометарите на Кристианштад е да ублажат со 11 гол на Бјернсен. Тешко издвојувана победа на Барселона, што веројатно ќе значи и потврда дека во овој формат на Лигата на шампионите тешко ќе се доаѓа до бодови. Во таборот на Хавиер Пасквал, се истакнаа Жалуз со 6 и Лазаров со 5 гола. 5 гола постигна и Филип Јиха, а 4 капитенот Виктор Томас. Апсолутно прво име кај гостите беше Бјернсен со 11 гола и 3 асистенции. Репрезентативецот на Иран, Жамали со 7 гола исто така одигра позитивен меч. Во наредното трето коло, првакот на Европа му гостува на вицешампионот на Унгарија и четвртфиналистот од минатата година, ПИК Сегедин.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share