hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

5 Суперкуп на Шпанија и 47 трофеј во кариерата на Кирил Лазаров

asobal superkup MVP

Барселона не престанува со победничката серија во Шпанија и кој знае кој последен пат успеал да ја победи (конкретно Атлетико Мадрид во Купот на Кралот, во периодот кога Лазаров настапуваше за оваа екипа). Нашиот најдобар ракометар по петти пат го освои ASOBAL Суперкупот, а овој трофеј е 47 во неговата богата колекција. За прв пат ја придодаде наградата најкорисен ракометар во мечот за оаа титула. Веќе наредната недела следи нова можност, во завршницата на IHF Суперглоб турнирот во Доха.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)

Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак:
16 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 2 со Барселона) (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
5 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 3 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (со Барселона)

Share