hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров го „скрши„ Грањолерс за Суперкуп титула за Барса

campions handbol.v1441225710

Барселона – Грањолерс 26:23 (13:12)

Ракометарите на Барселона ја продолжија жетвата на трофеи во шпанскиот и европскиот ракомет. За само пет дена по втор пат го совладаа Грањолерс и го освоија 18 ASOBAL Суперкуп, четврт последователен. „Шлаг на тортата„ е признанието за најкорисен играч и најдобар стрелец на мечот во Сарагоза за нашиот Кирил Лазаров. Барса многу потешко дојде до победата од 26:23, за разлика од мечот во петокот во Џирона во рамките на каталонскиот Суперкуп.

Момците на Чави Пасквал мораа максимално да се намачат за да стигнат до вториот трофеј во новата сезона, која се наоѓа на самиот почеток. Тренерот на европскиот првак мечот го почна со Жалуз на лев бек, а Грањолерс го повтори истиот стартен тим од пред неколку дена. Мечот тргна тврдо и можеше да се претпостави дека нема да има многу голови. По 3:2 и 6;5, со одличен влез во натпреварот за Томас и Лазаров, при 8:8 на половина од првиот дел, двете екипи почнаа од почеток. Дефанзивниот блок на Барселона со Сипржак, Копљар, Рутенка и Жалуз (просечна висина 2.03 сантиметри) го неутрализира противникот и често беше клуч на успехот.

handbol2.v1441225481

Лазаров постигна нови два гола во финишот на првиот дел и Барса се одлепи до 11:9. Но Де Толедо последен погоди пред одморот за 13:12 и неизвесно продолжение. Голманот на Грањолерс бранеше одлично, но Барса со целото свое искуство се чувствуваше комотно и во моментите на притисок. Бројот на технички грешки се зголеми, а тунижанецот Жалуз со два врзани гола ја одржуваше Барса во минимално водство. Ресина и Адриа Перез постојано го возвраќаа ударот и Грањолерс израмнуваше на 15:15 и 17:17. Отпорот на финалистот на Купот траеше до 50 минута кога при 21:19, Лазаров и Томас на Барса му го донесоа дефинитивното одлепување до финална победа (26:21). Де Толедо успеа само да го ублажи поразот, но титулата од Сарагоза се сели во витрините на Барселона (26:23). Кирил Лазаров со 8 гола беше најдобар стрелец во мечот и МВП на ASOBAL Суперкупот во Сарагоза. Веднаш зад него беше капитенот Виктор Томас со 6 гола, а солиден меч одигра и Жалуз со 4 гола. Во тимот на Грањолерс најсветла точка беше Де Толедо со 5 гола, а Фигуерес постигна 4 гола. По оваа втора победа против Грањолерс, момците на Пасквал експресно се враќаат дома, бидејќи наскоро за нив почнува ASOBAL лигата, а ги очекува и IHF Суперглоб во Доха, каде Лазаров и соиграчите ќе ја бркаат третата титула во сезоната.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share