Исти ривали за нова титула вечерва во Сарагоза

Вечерва во Сарагоза, ракометарите на Барселона ќе ја бркаат 18 титула во ASOBAL Суперкупот. Тие се апсолутни фаворити против каталонскиот ривал Грањолерс, кој го совладаа со 14 разлика пред неколку дена за каталонската Суперкуп титула. Барселона има 6 титули во последните 10 финалиња и ќе се обиде да ја одбрани втората од седумте титули освоени минатата сезона.
Последни финалиња на ASOBAL Суперкупот:
05/06 - Портланд Сан Антонио - Ваљадолид 32:28
06/07 - Барселона - Ваљадолид 36:33
07/08 - Сиудад Реал - Барселона 32:30
08/09 - Барселона - Сиудад Реал 26:25
09/10 - Барселона - Сиудад Реал 33:26
10/11 - Реновалиа Сиудад Реал - Барселона 29:28
11/12 - Атлетико Мадрид - Барселона 33:26
12/13 - Барселона - Атлетико Мадрид 34:31
13/14 - Барселона - Натурхаус Ла Роха 40:31
14/15 - Барселона - Грањолерс 32:28




