Цела Барса во идеалниот тим на сезоната 14/15 во ASOBAL лигата

Како никогаш до сега, ракометарите на Барселона целосно ја исполнија идеалната седумка на шпанската ASOBAL лига. Одлуката на љубителите на ракометет беше дека сите ракометари на шампионот заслужуваат место во идеалниот тим на сезоната 2014/15. Нашиот Лазаров на вечерашната церемонија во Сарагоза и официјално ја прими наградата за најдобар десен бек во шпанската ASOBAL лига.

Раул Ентрериос е избран за најдобар среден бек, а Никола Карабатиќ е најкорисен МВП играч на сезоната, како и најдобар лев бек. Данецот Нодесбо го доби признанието за најдобар кружен напаѓач, а Сигурдсон е избран за најдобро лево крило. Со капитенот Виктор Томас, кој е најдобро десно крило заврши изборот на ASOBAL за најдобрите во шпанскиот клубски ракомет. Виран Морос беше избран за најдобар дефанзивец, а тренерот Хавиер Пасквал ја доби наградата за најдобар тренер. Утревечер во Сарагоза, Барселона и Грањолерс ќе го играат финалето на ASOBAL Суперкупот, со кој официјално се отвора шпанската сезона 2015/16.




