hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров стигна до 46 трофеи во кариерата

11392877 982954395048022 7804215154436857647 n

Новата сезона за Кирил Лазаров започна исто како што заврши старата. Најдобриот македонски ракометар го освои Каталонскиот Суперкуп, втор пат со ред и дојде до 13 трофеј на почетокот од третата сезона во дресот на Барселона. Практично нема клубски трофеј кој дрим-тимот на Пасквал не го освоил, а сега се обидува да ги одбрани сите трофеи освоени во сезоната 2014/15. Со оваа титула, Лазаров дојде до 46 трофеи во кариерата и многу веројатно оваа сезона ќе дојде и до историски 50 титули со своите клубови во кариерата. Делува и звучи, импресионантно.

Сите трофеи во кариерата на Кирил Лазаров:

Освојувач на Лигата на шампионите: 1 пат (со Барселона)

Освојувач на IHF Супер глоб: 3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак: 16 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на националниот Куп: 17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 2 со Барселона) (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Купот: 3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот: 4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп: 2 пати (со Барселона)

Share