hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров и Барса почнаа со одбраната на титулите

catalunia cup 2015

Барселона - Грањолерс 36:21 (17:14)

Најдобрата европска екипа, Барселона успеа да го освои првиот трофеј во новата сезона. Во ново финале на каталонскиот Суперкуп, Барселона како и минатата сезона го совлада Грањолерс и тоа со многу убедлив резултат, како плод на перфектното второ полувреме (36:21). Двата најголеми клуба од Каталонија лесно ги добија полуфиналните мечеви минатата недела и се очекуваше многу израмнето финале во Џирона, баш како и финалето на Купот на Кралот во јуни оваа година. Но Барса го доби 23 финале од 27 играни против Грањолерс, благодарение на одличното второ полувреме.

Мечот почна многу израмнето, дури и Грањолерс водеше со 4:5 по 10 минути игра. Експресно Лазаров, Рутенка и другарите направија серија 5:1 и при 9:6 за фаворитот, на половина полувреме тренерот на Грањолерс, Карлос Вивер побара тајм-аут. Данијел Шариќ се разбрани и беше главниот инспиратор на Барселона за пресвртот. Пасквал му даде шанса на полјакот Сипржак, кој делуваше импресионантно со своите 206 сантиметри. Постигна два гола, играше одлична одбрана, но беше заменет заради болки во препоната. Бразилецот Енрике Тешеира беше најразположен во тимот на Грањолерс, па бело-сините не дозволија Барса да им помогне (17:14). На почетокот на второто полувреме се случи неверојатна серија на Барселона, која ги урна надежите на противникот за враќање во мечот. Гонзало застана на голот и одбрани серија на топки, па неговите соиграчи направија серија од 7:0 со голови на Томас, Гурбиндо и Рутенка и во 36 минута дојдоа до двоцифрена предност (24:14).

barca supercopa catalunya

Се што се случуваше до крајот беше само формалност. Уморот ги зафати ракометарите на Грањолерс и европскиот првак кој на моменти имаше и +15, на крајот дојде до една од најубедливите победи во финалето на каталонскиот Суперкуп (35:21). Сергеј Рутенка со 6 и капитенот Виктор Томас со 5 бода беа најефикасни во екипата на Барселона. Кирил Лазаров беше автор на 1 гол. Кај Грањолерс се истакнаа Тешеира и Давид Ресина. Ова е 27 титула во каталонскиот Суперкуп за Барселона, а 23 со победа против Грањолерс во финалето. Двете екипи за само пет дена, повторно ќе играат за титула, овој пат во Сарагоза во финалето на ASOBAL Суперкупот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share