hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Јиха претставен во Барса: „Не се плашам од споредби и предизвици„

jiha barca prezentacija

Денес во Барселона во прес-конеференциската сала на клубот, ракометната секција го престави своето трето и веројатно најголемо засилување ова лето. Филип Јиха од пред нешто повеќе од една недела и официјално е член на европскиот првак, а денес заедно со тренерот Пасквал, за прв пат позираше со својот нов дрес и за прв пат се обрати пред медиумите како член на најтрофејниот клуб во ракометниот свет.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од Барселона. За мене овој клуб и екипата се големи предизвици. Секогаш мислев дека Барселона претставува одлична можност да се биде на врвот. Се надевам дека во новата сезона ќе му помогнам на клубот да ја одбрани европската титулата. Не се плашам од споредби предизвици и едвај чекам да играм" истакна Јиха. Дресот со број 39 е резервиран за Чехот, а неговиот премиерен меч во новиот клуб се очекува деновиве или во каталонскиот или во шпанскиот Суперкуп, каде Барселона два пати во пет дена ќе игра со Грањолерс.

Share