ASOBAL Суперкупот по трет пат ќе се игра во Сарагоза

Арената „Принсипе Фелипе„ во Сарагоза ќе биде поприште на ASOBAL Суперкупот, кој ќе го играат шампионот и финалистот на Купот на Кралот, како и минатата сезона, Барселона и Грањолерс. Јубилејното 30 Суперкуп издание ќе се одигра на 2 септември од 20:30 часот и ќе го означи стартот на новата сезона во шпанскиот ракомет.
Барселона е апсолутен фаворит и тоа ќе биде втор меч со истиот ривал во интервал од пет дена, бидејќи на 28 август двете екипи во Џирона играат во финалето на каталонскиот Суперкуп, откако ги добија полуфиналните мечеви оваа недела. Сарагоза чија што арена собира 12.000 гледачи по трет пат ќе биде домаќин на Суперкупот на Шпанија, откако двете предходни изданија беа во минатиот милениум во сезоната 1990/91 и 1993/94. Титулата од минатата сезона ја брани Барселона.




